Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потврди дека САД собориле ирански дрон, кој претставувал опасност за американски брод во Ормускиот Проток.

– Нема сомнеж, го соборивме, категорично изјави Трамп.

Советникот на американскиот претседател за национална безбедност Џон Болтон, исто така, нагласи дека „не треба да постои сомнеж оти тоа беше ирански дрон“.

Претходно, иранското Министерство за надворешни работи демантираше дека САД собориле ирански дрон, туку дека тоа било американско беспилотно летало.