Претседателот Доналд Трамп традиционално одржа говор пред двата дома на Конгресот за состојбата на нацијата, во кој се осврна на американската нација, политиката, војните, економијата, пријателите и непријателите, но и Господ.

Повеќето медиуми го пренесоа говорот на Трамп речиси во целост, цитирајќи ги неговите пораки, но ретко кој медиум пренесе зборови кои му даваат слава на Бога, а што го прави Трамп различен од многу христијански политичари на денешницата кои ретко говорат за Господ.

Трамп во своите говори никогаш не заборава да го слави Бога.

„Мојата администрација ја брани верската слобода, која вклучува уставно право на молитва во јавните училишта. Во Америка, не ја казнуваме молитвата. Не отстрануваме крстови. Не ги забрануваме верските симболи. Не им ставаме маски  на устите на проповедниците и пасторите. Во Америка ја славиме верата. Ние ја цениме религијата. Го креваме својот глас во молитва и ги креваме очите кон славата Божја!“, рече Трамп, суптилно оддалечувајќи се од уништувањето на христијанската култура и традиција што го прогонува Западот со години, уништувајќи сè кристално пред него, сето тоа под изговор„ мир, безбедност, заедница и толеранција. „иако токму на тој начин се потиснува слободата и правото на секое човечко суштество – кон Бога, во сите сегменти на постоење.