Истрели беа регистрирани за време на митинг на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Пенсилванија, јавија американските медиуми.
На видео снимки се гледа дека републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп е придружуван до автомобил од агенти на Тајната служба и полицајци. На видеата се гледа крв на лицето и увото на Трамп.
По пукањето, Трамп бил евакуиран од бината на митингот во Батлер, Пенсилванија.
Трамп покажуваше табела со бројот на луѓе кои ја преминале границата кога се случи инцидентот. Бил забележан како ја пружа десната рака до вратот. На неговото лице има крв, јавија американските медиуми.
Портпаролот на Доналд Трамп, Стивен Чеунг, објави дека поранешниот претседател на САД „е добро“.
– Трамп им се заблагодарува на органите на редот и на првите што реагираа со брза акција за време на овој грозоморен чин. Тој е добро и е на преглед во локалната медицинска установа. Повеќе детали ќе следат, се вели во соопштението на Чеунг.
Лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер, објави соопштение по инцидентот на митингот на поранешниот претседател Трамп, нагласувајќи: „Згрозен сум од она што се случи на митингот на Трамп во Пенсилванија и добро е што поранешниот претседател Трамп е безбеден. Политичкото насилство нема место во нашата земја“.