Претседателот на САД Доналд Трамп го прими денеска во Белата куќа првиот лидер на една африканска земја откако ја презеде функцијата. Тој се сретна со претседателот на Нигерија Мухамаду Бухари, со кого разговараше за безбедносни и економски прашања.
Трамп на почетокот на средбата изјави дека екстремистичката група Боко Харам е „ужасен проблем” за Нигерија. Американскиот претседател ги спомена и антихристијанското расположение во Нигерија.
Бухари им се заблагодари на САД за нивната посветеност на борбата против тероризмот и рече дека акциите на САД многу помогнале на неговата земја.