Претседателот на САД Доналд Трамп им се закани на демократите дека ќе го заобиколи Конгресот и ќе и наложи на американската армија да го изгради ѕидот долж границата со Мексико.

„Ако демократите не ни дадат гласовите неопходни за да ја гарантираме безбедноста на нашата земја, тогаш војската ќе го доизгради ѕидот”,
напиша Трамп на Твитер, неколку часа пред средбата со двајца високи демократи во Конгресот – сенаторот Чак Шумер и лидерката на
Демократите во Претставничкиот Ненси Пелоси.

Трамп бара од пратениците најмалку пет милијарди долари да продолжи изградба на ѕидот.

Демократите категорично одбиваат да гласаат за обезбедување средства за оваа намена. Според Трамп, одбивајќи да ја финансираат изградбата, демократите воопшто не сакале безбедност на границата „поради чисто политички причини”.