Американскиот претседател Доналд Трамп пред денешната средба во Давос со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека слушнал дека таа е тежок преговарач, но се надева дека САД и ЕУ ќе постигнат напредок во однос на новиот трговски договор.

– Прекрасно е да се биде овде со претседателката на Европската комисија и со жена која е многу почитувана, но слушнав дека е тежок преговар, што е лоша вест за нас, рече Трамп во Давос, каде учествува на 50-от Светски економски форум, додавајќи дека САД сакаат да склучат трговски договор со ЕУ.