Претседателот на САД, Доналд Трамп, побарал од Саудиска Арабија да го зголеми прозводството на нафта заради намалување на цената на горивото.

Трамп на Твитер објави дека од саудискиот крал Салман побарал да го зголеми производствотто на нафта до дури два милиони барели дневно, за да се надомести разликата со производството на нафта во Иран и во Венецуела.

„Цените се превисоки и тој се согласи“, вели американскиот претседател.

Тој кажа дека зголемување на производството на нафта е неопходно заради „безредија и проблеми во Иран и во Венецуела“.

Цените на нафтата скокнаа минатата недела затоа што САД повторно воведоа санкции кон Иран кој е голем производител на црното злато. Лидерите на ОПЕК се согласиле да го зголемат производството, но тоа не влијаше на пазарот.

Саудиска Арабија уште се нема огласено, па не е се знае дали ќе го прифати барањето на Трамп.