Американскиот претседател Доналд Трамп денеска за канадскиот премиер изјави дека е дволичен, иако, вели, му изгледал како „добро момче“.

Трамп ова го изјави во Лондон, каде се оддржува самитот на НАТО, а откако новинарите го замолија да ги прокоментира наводите дека Трудо, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Борис Џонсон, го оговарале, пренесуваат британските медиуми.

-Тој е дволичен. Ми изгледаше како фино момче, но искрено да ви кажам, кога го прозвав за фактот дека не издвојува два отсто за одбраната, гледам дека не бил среќен заради тоа. Тој не дава два отсто, а треба. Канада има пари, рече Трамп.

Медиумите денеска пренесоа дека на приемот во Бакингамската палата Трудо, Макрон, Џонсон, холанскиот премиер Марк Руте и британската принцеза Ана разговарале и дека во таа прилика, а по повод долгата прес конференција на американскииот претседател,  Трудо рекол „токму сега гледате како им испаѓаат вилиците на неговата екипа“.