Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се закани со затворање на границата на САД кон Мексико.
Заканата на Трамп доаѓа во време кога илјадници латиноамерикански мигранти се движат низ Средна Америка кон север, со надеж дека ќе успеат да стигнат до САД.
– Треба со најстрог тон да побарам од Мексико да го спречи овој напад – и доколку не е во состојба да го стори тоа, ќе ја повикам американската армија и ќе ја затворам нашата јужна граница, објави Трамп на Твитер.