Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го нападна Парискиот договор за справување со климатските промени, поврзувајќи го со тековните протести во францускиот главен град како доказ дека неговата одлука за одбивање на договорот е добра.
„Парискиот договор не функционираа толку добро за Париз, протести и немири низ цела Франција”, напиша тој на Твитер.
„Луѓето не сакаат да плаќаат големи суми пари, главно во земјите од третиот свет (со кои се владее
сомнително) за заштита на животната средина“, оцени Трамп.