Новите американски санкции против Иран се најрестриктивни санкции што некогаш биле воведени против некого, напиша денеска на Твитер американскиот претседател Доналд Трамп.
– Во ноември тие ќе бидат засилени до нов степен. Секој што прави бизнис со Иран, НЕМА да прави бизнис со САД. Настојувам за МИР ВО СВЕТОТ, ништо помалку, напиша Трамп на Твитер, притоа акцентирајќи одредени делови преку користење големи букви.