Додека американскиот претседател Доналд Трамп е на економскиот форум во Давос и се ракува со светските лидери, во Сенатот на САД во Вашингтон започна судење за негово отповикување, и ако судот докаже дека тој е виновен, претседателот ќе биде разрешен од функцијата.
Но, демократите се жалат дека републиканците во Сенатот, кои се мнозинство, го дезавуираат процесот со одбивање да повикаат сведоци на отворањето и со синоќа претставените рестриктивни правила од Мич Меконел, лидер на мнозинството.
Ове се прави со цел, обвинуваат демократите, судот да заврши што побргу, да се прикријат обвиненијата против претседателот за тој да биде ослободен.
Во резолуција од четири страници, Меконел постави неколку рестриктивни услови, како временските рамки според кои треба да се одвива судењето. На секоја од страните, обвинители и бранители, им се дава по 24 часа, во вкупно време од две деноноќија, да ги претстават своите аргументи.
Сенаторите од двата табора, републканци и демократи, ќе имат по 12 дополнителни часа за дискусија.
Во резолуцијата се вели дека сведоците можат да бидат повикани само после изнесените аргументите, и се бара гласање на секое презентирање нови докази.
-Причината зошто оваа резолуција се чуваше во тајност и се објави во последен момент е за да не се случи објективно и фер судење, изјави демократот од Калифорнија, Адам Шиф, раководител на тимот обвинители во судскиот процес против Трамп.
-Ова нема да резултира во фер судски процес туку со прикривање на обвинението. Судење без нови докази, сведоци или докменти не е никаков судски процес. Затоа ќе побарам амандмани на резолуцијата, изјави денеска Чак Шумер, лидер на демократското малцинство во Сенатот, во минутите пред да започне сесијата.
Правилата ефективно ги ограничуваат излагањата на обвинителите и одбраната, и за да се искористи доделеното време работниот ден во Сенатот денеска и утре најверојано ќе продоложи длабоко во ноќта и во раните утрински часови.
Затоа, на Твитер се појавија хаштагови ПолноќенМичодМосква (#MidnightMoscowMitch) и полноќен Мич (#MidnightMitch), алузија на фабрикуваните судски процеси во Русија за време на црвениот терор на Сталин.
Судењето за импичмент на Трамп денеска и утре започнува во 13 часот по локално време поради обврските што Џон Робертс, главен судија во Врховниот суд, ги има во утринските часови во својство на врховен судија. Робертс е именуван за врховен судија кој заседава со судот за импичмент во Сенатот.