Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги критикуваше медиумите откако американски весници координирано ги осудија неговите напади врз новинари кои ги обвинува дека шират лажни вести.
– Не постои ништо што повеќе би сакал за нашата држава од вистинска слобода на медиумите. Факт е дека медиумите се слободни да пишуваат се што сакаат, но најголем од тоа се лажни вести, протнување политичка агенда или само обичен обид да им се наштети на луѓето. Чесноста победува, напиша Трамп на Твитер.
На повик на весникот Бостон глоуб голем број весници во САД денеска во уводниците ги осудија и отфрлија напади на Трамп за лажни вести истакнувајќи ја важноста на слободните и силни медиуми што покажува дека тие ја мешаат слободата и хистеричното објавување лаги против актуелниот претседател на САД.
Во кампањата против Трамп за наводно загрзоување на медиуми се придружи и Гардијан кој на македонски пример покажа дека лаже, измислува и дека пушта нарачани текстови кои со слободата на говор немаат врска.