САД денеска го прославуваат Денот на независноста, а ова е воедно и 244-от роденден на една од најголемите светски сили.
На Твитер налогот на Белата куќа е објавено кратко видео од говорот на американскиот претседател Доналд Трамп.
– Ќе најдеме единство, кое никој не го очекува. Ќе направиме чекори за кои никој не смета дека се можни. Оваа земја ќе биде се она за кое нашите граѓани се надеваа толку многу години, а непријателите се плашеа. Никогаш не смееме да заборавиме дека американската слобода постои за американското достоинство. А тоа е она што го имаме – американското достоинство, порача Трамп.
Во САД, Денот на независноста е државен празник, на кој се слави усвојувањето на Американската декларација за независност на 4 јули 1776 година, со која е прогласена независноста од Велика Британија.