Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се пошегува на сметка на климатските промени, велејќи им на поддржувачите на митингот во Енкориџ, главниот град на Алјаска, дека „нема потреба да се грижите“, бидејќи ако океаните се издигнат, „најлошото сценарио ќе биде дека ќе имаме повеќе имот со поглед на море“.
Трамп во својот говор го нападна актуелниот претседател Џо Бајден.
– Еднаш не му се допадна Саудиска Арабија, а мене, да, рече поранешниот претседател, мислејќи на претстојното патување на Бајден.
Во врска со војната во Украина, Трамп рече дека ако тој останеше во Белата куќа „немаше да има руска инвазија“.
– Ако исходот од изборите беше поинаков, немаше да го напуштиме Авганистан на таков начин, оставајќи зад себе воен материјал вреден милијарди долари, и немаше да има украинска катастрофа со стотици илјади загинати, рече Трамп.