Додека во Истанбул се одржуваат средби за ставање крај на војната во Украина се огласи и американскиот претседател Доналд Трамп.
– Време е едноставно да го направиме тоа. Ќе го завршиме, истакна Трамп.
Тој додаде дека сака да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин што е можно поскоро.
Трамп вчера изјави дека значителен напредок во преговорите е малку веројатен сè додека тој и Путин не се сретнат лице в лице.
Во палатата Долмабахче во Истанбул почна трилатерален состанок помеѓу делегациите на САД, Украина и Турција.
Пратеникот на Доналд Трамп во Украина, генерал Кит Келог, седи до американскиот државен секретар Марко Рубио.
На средбата учествуваат американскиот државен секретар Марко Рубио и пратеникот на Трамп за Украина, генерал Кит Келог, украинската делегација е предводена од министерот за надворешни работи Андриј Сибиха и шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак.
Домаќин на состанокот е шефот на турската дипломатија Хакан Фидан.
фото: Архива