Медиумската хистерија во САД доживува кулминација по неговата средба со Владимир Путин. Американскиот претседател, дома е окарактеризиран како „велпредавник“, а за бесната хистерија, која може да се спореди со таа што владееше во Македонија за време на шарената револуција (се разбира, на помал простор), тој на Твитер го напиша следното:
„Имав сјајен самит на НАТО, каде се собраа големи колчини на пари (мисли на тоа што успеа да натера членки на НАТО да го зголемат процентот на одвојување од БДП за одбраната), имав уште посјајна средба со Путин. Но, за ништо од тоа не се известува. Збудалеа со лажни вести“.