Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека знае што прави кога воведува високи царини за земјите ширум светот, откако предизвика критики и загриженост ширум светот со таквите потези.

Трамп на вечерата во Националниот републикански конгресен комитет во Вашингтон синоќа го фалеше својот план за воведување  царини, велејќи дека лидерите од многу земји го бараат и молат за договор за царините, објави Еј-Би-Си Њуз.

Трамп повтори дека САД во минатото биле ограбени заради странските царини, додавајќи дека со овој потег става крај на тоа.

Новите царини што САД ги воведуваат за земјите ширум светот, вклучително и онаа од 104 отсто за Кина, од денеска стапија на сила.

Покрај високите царини за Пекинг, САД воведоа царини за увоз од десетици други земји, вклучувајќи 46 отсто за Виетнам, 32 отсто за Тајван, 25 отсто за Јужна Кореја, 24 отсто за увоз од Јапонија, 20 отсто за сите земји од Европската унија.

фото:МИА архива