Исфрустриран од постојаните напори од демократскиот Конгрес барајќи причина да отпочнат импичмент, претседателот Доналд Трамп возврати денес, велејќи дека истрага треба да се започне за потпишаните договори за книги од страна на претходниот претседател Барак Обама и неговата жена Мишел, пишуваат американските медиуми

65-те милиони долари во повеќебројни договори направија бестселер од книгата на Мишел Обама, со мемоарите на Барак Обама. Трамп, зборувајќи во Тркалезната канцеларија во Белата Куќа, исто така повика на истрага за Фондацијата Клинтон, патем смеејќи се и алудирајќи на бесмилсените обвиненија против него со тоа што побара истрага и за клима уредот што Барак Обама го расипапал и за кој вели дека не може да задржи удобна температура.

Иритацијата на Трамп веројатно беше предизвикана како одговор на демократите од Судскиот комитет кои тврдат дека воделе “истрага за отповикување” на Трамп по истрагата и сведочењето на Роберт Милер.

Демократите денес се стремат да ги отпакуваат тајните материјали на Милер. “Само сакаат да пречат. Сакаат да истражуваат. Сакаат да одат на риболов. И јас го гледав Боб Милер, и тие немаат ништо,” рече Трамп. “Нема колизија, нема опструкција немаат ништо. Срамно е.”

Трамп додаде: “Сакаме да откриеме што се случи со последниот демократски претседател. Да погледнеме кон Обама како што они мене ме гледаа. Тие би можеле да го разгледаат договорот за книги што го направи претседателот Обама. Да ги видиме сите записи за него” рече Трамп. “Да ги разгледаме и сите записи поврзани со Хилари Клинтон и сите глупости поврзани со Клинтон и нејзината основа и сè друго. Ние можеме да го правиме тоа цел ден “, додаде Трамп.