Доколку Доналд Трамп не се грижи дека ќе биде изолиран, тогаш е подобро Г7 да станат Г6, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.
Францускиот претседател ги нападна непродуктивните тарифи воведени до САД, како и забраната нациите да тргуваат со Иран.
Прашан од репортерите што ако Трамп не се грижи дека ќе биде изолиран, Макрон со остар тон одговори дека ниту еден претседател не е „вечен“.
„Шесте држави во Г7 заедно без САД се поголем пазар од американскиот пазар. Ако можеби американскиот претседател не се грижи дека денес ќе биде изолиран, нам не ни пречи да бидеме шест, ако треба така да биде“, изјави Макрон на заедничката прес-конференција со канадскиоот премиер Џастин Трудо, кој е домаќин на самитот.