Дефанзивецот на ПСЖ, Тијаго Силва може да ја продолжи кариерата во Англија. Тотенхем е заинтересиран да го донесе во своите редови, објавија британски медиуми.
Тренерот на премиерлигашот од Лондон, Жозе Мурињо, сака да ја засили одбраната. Камен на сопнување може да биде висока плата на играчот.
Во сезоната 2019/20, Силва одигра 30 натпревари за ПСЖ, има еден гол и една асистенција. Бразилецот настапува за парижаните од летото 2012 година.
Трансфермаркет ја проценува неговата вредност на 4,8 милиони евра.
Претходно беше објавено дека Арсенал и Евертон се заинтересиран за 35-годишниот Силва.