Напаѓачот на Реал, Еден Азар е задоволен од победата над Еибар (3:1) во натпреварот од 28-то коло од шампионатот на Шпанија. Белгиецот имаше една асистенција.

– Убаво е да се вратиш на теренот во бело. Напред Мадрид! – ја потпиша фотографијата Азар, објавена на социјалните мрежи по синоќешната победа.

Еден Азар се пресели во Реал Мадрид во летото 2019 година од Челси за 100 милиони евра, но ретко играше поради повредите. Во сезоната 2019/20, Белгиецот одигра 16 натпревари за „Кралскиот клуб“, на негова сметка има еден гол и шест асистенции.