Англиските медиуми пренесуваат дека офанзивниот играч од средниот ред на Јувентус, Арон Ремзи може изненадувачки да се пресели во Тотенхем за следната кампања.

Ремзи пристигна на стадионот „Алијанц“ летото 2019 година. Сепак, тој не успеа да се етаблира во почетниот состав на Маурисио Сари, откако забележа многу променливи настапи.

Информациите за преселбата во Тотенхем се ненадејни во поглед на минатото на Ремзи, скоро целосно поврзани со големиот ривал „петлите“ – Арсенал.

Според „Сан“, „бјанконерите“ може да прифатат пониска цена за играчот за да го продадат, бидејќи платата на велшкиот репрезентативец е импресивна – 400.000 фунти неделно.