Напаѓачот на Пари-Сен Жермен, Кристофер Нкунку премина во Лајпциг, објави веб-страницата на германскиот клуб.

Договорот меѓу Лајпциг и 21-годишниот фудбалер е за пет сезони – до летото 2024 година. Нкунку ќе игра со бр.18 во својот нов тим.

Износот на трансферот не е објавен, но според медиумите, ПСЖ ќе добие 15 милиони евра за својот играч.

– Среќен сум што ќе можам да го носам дресот на овој клуб. Сум слушал многу за него и сум убеден дека стилот на тимот ми одговара одлично. Со некои играчи се познавам од Пари Сен Жермен и младинскиот тим на Франција. Мислам дека брзо ќе се адаптирам во тимот, рече Нкунку.

Тој е дете на ПСЖ и беше член на тимот од 2016 година. Во сезоната 2018/2019 одигра 29 натпревари и постигна 4 гола.