Полицијата синоќа пронашла девет мигранти од Индија во оставено возило во близина на царинскиот терминал кај граничниот премин Богородица, а кое претходно не застанало на знакот за сопирање. Во возилото е пронајден и совозачот, кој е приведен, а миграните биле спроведени во Прифатно- транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.
-На автопатот Скопје – Гевгелија, на место викано „Клучка – с.Смоквица“, синоќа во 19 часот полициски сужбеници од Полициската станица за Граничен премин „Богородица“ дале знак за запирање на патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало и продолжило да се движи со голема брзина кон граничениот премин „Богородица“. По преземени мерки, во близина на царинскиот терминал биле пронајдени возилото и совозачот Е.Ј.(24) од с.Арачиново, скопско. Исто така, во близина на возилото биле пронајдени и девет лица мигранти од Индија Совозачот бил лишен од слобода, а миграните биле спроведени во Прифатно- транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка, наведува МВР во редовниот дневен Билтен.
По целосно документирање на случајот, како што најавуават, ќе биде поднесена соодветна пријава.