Во Клубот на пратенциите утрово почна лидерската средба за надминување на разликите односно постигнување политички договор во врска со прашања поврзани со претстојниот референдум и изборот на ДИК.

На лидерската средба присуствуваат лидерите на четирите најголеми парламентарни партии Зоран Заев на СДСМ, Али Ахмети од ДУИ, Христијан Мицкоски од ВМРО ДПМНЕ и Билал Касами од БЕСА.

Ова е трета лидерска средба во последните пет дена. Првите две  се одржаа минатата недела, едната во проширен состав со присуство на  лидерите на партиите кои имаат повеќе од еден пратеник во Собранието, а втората во скратен состав по барање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,Мицкоски.

Власта бара од опозицијата поддршка за претстојниот референдум, додека опозицијата инсистира на усвојување на Законот за финансирање на политичките партии, измени во Законот за Влада според пржинскиот модел и измени во Кривичниот законик поврзан со амнестијата.

По завршување на средбата се очекуваат изјави од лидерите.