Македонците се трети на по број на листата на странски работници кои лани официјално имале работни дозволи и работеле во Хрватска.

Според податоците кои ги објави хрватското МВР, лани во Хрватска работеле 13.412 државјани на Македонија. Многумина од Македонија особено во туристичката сезона заминуваат на работа во оваа држава која е дел од Европската Унија и има развиен туристички сектор.

Најмногу странски работници во Хрватска, над 23 илјади, имало од азиската држава Непал. Потоа следуваат Индијците, над 15 илјади странски работници работеле лани во Хрватска. Освен од Македонија, големи контингенти странски работници во Хрватска има и од Филипини, Бангладеш, Косово, Турција и Албанија. Вкупно Хрватска издала 172 илјади работни дозволи на странци за трајно вработување, што претставува рекорд во оваа држава.

Хрватскиот завод за вработување објави дека најмногу странци имало вработени како градежници, келнери и куварски помошници. По сектори највисока просечно нето плата добивале куварите, по 697 евра месечно. Најмалку платени биле доставувачите-странци кои имале просечна плата од околу 560 евра.