Германската полиција по апсењето на сомнителен маж соопшти дека нема опасност за луѓето на берлинскиот аеродром Шенефелд.
– Во овој момент нема опасност по луѓето на аеродромот Шенефелд, објави полицијата на Твитер.
Елекот што го носеше приведениот е испратен на испитување.
Но, се уште не е познат идентитетот на приведениот маж.
Полицијата беше алармирана откако на паркингот на аеродромот беше забележан маж со голем багаж, облечен во елек од кој висат жици.