Подолг период Македонија секојдневно има трицифрен број на новозаразени од коронавирусот, а просечно трицифрен е и бројот на вработени кои секој ден ја губат работата.

Од почетокот на корона кризата во Македонија секој ден над 250 граѓани го губат работното место, покажуваат бројките кои ги објавува Рефлектор.

Според истражувачкиот проект на Рефлектор, а врз основа на податоци од Агенцијата за вработување за пет месеци од април до 24 август 2020 година бројот на граѓани што активно бараат работа е 36.362 пријавени.

Предходно Рефлектор во јуни објави дека во првите два месеца од почетокот корона кризата (април и мај) без работа останале над 12.000 луѓе што значи дека во јуни, јули и август во просек без работа останале околу 8.000 луѓе.
Вкупниот број на луѓе кои според Агенцијата за вработување активно бараат работа во земјава, односно се сметаат за невработени е 144.094 регистрирани.

Имајќи ги предвид трендовите во туризмот, индустријата и услугите, овој број се очекува драматично да се зголеми во текот на есенскиот и зимскиот период.