Мали од денеска прогласи тридневна жалост, откако најмалку 44 лица загинаа во напад извршен од екстремисти во таа африканска земја, објави Владата во Бамако.
Неколку села биле нападнати во северниот регион Гао. Војската на Мали вчера соопшти дека е во потрага по напаѓачите.
Терористички групи со години се активни во Мали и соседните земји, а некои од нив се поврзани со Ал Каеда и Исламска држава.