Во текот на разговорите во Катар неделава американскиот пратеник за Авганистан, Залмај Калилзад, „ќе ги притисне талибанците да ја прекинат воената офанзива“, соопшти Стејт департментот, откако вооружената група ја презеде контролата врз неколку провинциски главни градови во оваа азиска земја.

„Амбасадорот Халилзад ќе замине во Доха за да помогне во формулирањето заеднички меѓународен одговор за забрзано смирување на ситуацијата во Авганистан“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Во него се додава дека во следните три дена се планирани неколку рунди состаноци, на кои ќе се разговара за ситуацијата во Авганистан.

„Претставниците на земјите од регионот и пошироко, како и мултилатералните организации, ќе извршат притисок за намалување на насилството и прекин на огнот, како и изразување став дека нема да ја признаат владата наметната со сила.

Во меѓувреме талибанците вчера соопштија дека го зазеле и шестиот провинциски главен град на северот на земјата во послендите четири дена.

И покрај напредокот на талибанците, САД не покажуваат знаци дека се подготвени за воздушни напади, а портпаролот на Пентагон соопошти дека Вашингтон верува дека  авганистанските политички и воени лидери треба да ја остварат победата или да загубат во борбата.

-Нивната земја сега треба да се брани. Тоа е нивна борба , изјави Џон Кирби.