Со последните 30 смртни случаи во последните 24 часа, црниот биланс на епидемијата на Ковид-19 во Франција, достигна 29 843, јави дописникот на МИА.
На болничко лекување се наоѓаат 8536 лица заразени со Ковид-19, односно 156 помалку од претходниот ден. Бројот на пациентите на интензивна нега се намали за 17 за 24 часа, на 602.
Во моментов здравствените власти евидентираа 130 кластери на зараза ширум земјата.