Уште колку време ќе ја чекаат “Трикафта” пацинтите со цистична фиброза кои не се итни случаи ? Освен за осуммината за кои е обезбеден лекот, се чека и за уште четворица кои се во потешка состојба. До каде е процедурата за набавка за нив, не се знае. Советникот за здравство на премиерот д-р Ана Данева Маркова очекува дека брзо ќе се усвојат законските измени за да може државата да купува “Трикафта” директно од единствениот производител. Предлог законите се доставени во собрание, ама официјалната процедура за измените, не е започната.

“Во соработка со поголем број на експерти, законски измени што оваа недела се во собраниска процедура, поточно на 16 март. Се надевам и интенцијата е во што пократок рок да бидат усвоени законските измени што предвидуваат измени во два закона. Законот за лекови и законот за здравствено осигурување. Што побрзо се усвојат законските измени, толку побргу пациентите ќе имаат поедноставна и побрза достава на сите лекови,” – изјави Данева Маркова.

Измените не ги опфаќаат само пациентите со цистична фиброза, туку и сите групи на пациенти за коишто се набавува терапија на овој начин.

Инаку, од осумтемина за кои сега има лек, седум се возрасни над 18 години, а едно е дете. Шест пацинети ја примаат терапијата на Детската клиника, додека две пациентки кои се во ризична состојба лековите ќе мора да ги примаат во болница и се хоспитализирани на Клиниката за пулмологија.

На лекот “Трикафта” како спас за нивниот живот се надеваат околу 130 пациенти со цистична фиброза. Иако оваа терапија ја бараат речиси три години за жал требаше да почине нивен соборец за да Владата и останатите надлежни институции да ја убрзаат постапката за обезбедување на лекот што живот им значи.