-Јас за разлика од вашите фингирани кривични пријави сакам ексклузивно во оваа емисија да обелоденам што значи криминал поткрепен со факти и докази. Пред мене имам два договори потпишани едниот од Љупчо Николовски и вториот договор кој што е потпишан од Трајан Димковски. Едниот договор има парцели кои што ги дале на едно физичко лице со КП Број, вториот договор е истите парцели дадени на друго физичко лице. Едни исти парцели се дадени на две различни физички лица и се повторува ФИКОМ кој што е направен во време на СДСМ. Јас овие информации и документи ќе ги доставам до институциите, истакна вечерва на ТВ 24 вечерва Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ, дополнителен заменик министер во Министерството за земјоделство на Република Македонија.