Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, денес беше во посета на Ресен, имаше средба со јаболкопроизводителите од овој крај, разговараа за актуелните ситуации и околу пласманот и откупот на јаболката од реколта 2018.

„Она што можам да го кажам е едно големо разочарување кое што ми го пренесоа земјоделците, бидејќи она што СДСМ го ветуваше во предизборието од челниците на СДСМ, Радмила Шеќеринска, Зоран Заев и министерот сегашен Николовски, дека ќе се инвестира во откупни центри, дека ќе се инвестира во градобијни системи во Ресенскиот регион, дека откупувачите ќе се тепаат кој да даде поголема цена и да се гарантира еден сигурен пласман на преспанското јаболко. Денес гледаме од земјоделците и лично се уверив од оваа посета, дека најголем дел или преку 50-тина илјади тони јаболко стојат неоткупени во овој крај“, истакна Трипуновски.

Тој додаде дека видовме едни популистички состаноци на владата на СДСМ во овој регион, видовме популистички мерки, меѓутоа реално, проблемот во Ресен не е решен. Преку 50 илјади тони јаболка стојат неоткупени, земјоделците молат за помош, бараат спас во ресорното министерство, во Владата, меѓутоа од Владата нема никаков одговор. Едноставно, луѓето се оставени сами да се снаоѓаат со овој проблем.

„Јаболкарите од овој регион се соочуваат со егзистенционална криза и не можат да врзат крај со  крај бидејќи се оставени сами на себе и јаболката скапуваат и по магацините и по полињата. Ја користам оваа прилика, бидејќи Зоран Заев не успеа да најде пласман на преспанското јаболко, да ресорното министерство заедно со министерството за животна средина, определат депонии, локации каде што јаболкарите ќе можат да го фрлат својот труд, односно преспанското јаболко, бидејќи се наоѓаме во еден прекрасен регион, тука ни е и Преспанското езеро, и во една таква ситуација на неопределување на локација може да се соочиме со еколошка катастрофа којашто ќе значи крај за туризмот во овој регион.

Видовме дека СДСМ останаа на едно големо ЌЕ, во предизборието ветуваа сигурен пласман загарантирани откупни цени повисоки субвенции меѓутоа од тоа нема ништо.

За жал тоа е реалноста во Република Македонија, не само со јаболкарите и со секој еден земјоделски производ во овој регион. Меѓутоа она што можам да го кажам ние како ВМРО-ДПМНЕ имаме концепт и во иднина ќе покажеме како навистина ќе се грижиме за македонскиот земјоделец. Тоа нема да бидат празни зборови и ветувања тоа ќе бидат дела кои ќе значат живот за секој земјоделец во Република Македонија“, изјави Трипуновски.