Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против тројца 15-годишници од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Како што информира Министерството за внатрешни работи (МВР), на 21 март 2026 година, пријавените пред маркет во Свети Николе предизвикале пожар.

По преземените мерки и активности, од страна на надлежните полициски службеници биле преземени соодветни дејствија, по што е поднесена кривичната пријава.