Во пресрет на 18 август – Денот на македонската Армија, денеска пред платото на министерството и Генералштабот, традиционално со припадниците на Армијата и вработените во одбраната го одбележавме овој значаен ден, пишува на свијата Фејсбук страница министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Благодарност до сите, за вашата непоколебливост, посветеност и професионалност, за сигурна и безбедна Македонија. Продолжуваме да функционираме како едно семејство кое го обединува заедничка цел: Македонија да продолжи да се развива и да изградиме подобра држава за следните поколенија.

Кон секој предизвик пристапувавме од исто стојалиште и иста перспектива. Носиме одлуки кои ќе нè направат посилни – се поддржувавме во секој момент и за доброто на секој војник, подофицер, офицер и вработен во одбраната.

Резултатите од вложеното се видливи и тие се потврда дека се движиме во вистинската насока. Продолжуваме со силен исчекор, со уште поголема посветеност, зајакнување на капацитетите и создавање подобри услови за работа за сите припадници на Армијата и вработени во одбраната, пишува Мисајловски во својата објава.