Еден од најважните настани, по признавањето на христијанството за рамноправна религија во Римската Империја, било одржувањето на Првиот Вселенски Собор, кој започнал со работа на 20-ти мај 325 година во свеченета сала во царскиот двор во Никеја, а во присуство лично на императорот Константин Велики.

Меѓу учесниците на овој Собор најмалку тројца епископи биле од Македонија: Александар од Солун, Будиос од Стоби и Дакус од Скупи.

Нивните имиња се наоѓаат меѓу потписниците на актите кои биле донесени на Соборот.

Учеството на македонски епископи на Првиот Вселенски Собор е факт кој сам по себе укажува на значителниот степен на развој на црковната организација во Македонија.

Епископи од Македонија присуствувале на сите поважни црковни настани организирани во наредниот период, а предводени од Александар, епископот од Солун, учествувале и во осветувањето на црквата во Ерусалим во 335 година. Само осум години подоцна, на Соборот во Сердика, присуствувале деветмина македонски епископи: Евгариј од Хераклеја Линкестис, Зосим од Лихнидос, Аециј од Солун, Басус од Диоклетијанопол, Порфириј од Филипи, Јонас од Партикопол, Паладиј од Дион, Геронциј од Бероја, како и Парегориј од Скупи.

На Вториот Вселенски Собор во Константинопол во 381 година со сигурност е посведочено присуството на епископот Ахолиј од Солун. Тој уште се спомнува како примател на две писма од римскиот папа Дамас I датирани во 381 година, а учествувал и на Синодот во Рим во 382 година.

Солунскиот епископ Ахолиј уживал полн углед пред императорот и сред останатиот христијански свет ширум Империјата. Во времето на овој епископ, Солун, и понатаму, продолжил да претставува едно од најугледните епископски седишта во христијанскиот свет.

И сега, овде, се поставува прашањето – каква христијанска Европа е оваа Европа која не ја признава државата, народот и црквата на прва европска земја каде што се проширило христовото учење? Следната година во мај се навршуваат 1694 години од одржувањето на Првиот Вселенски Собор во Никеја на кој, во присуство на императорот Константин Велики, учествувале и тројца македонски епископи Александар од Солун, Будиос од Стоби и Дакус од Скупи, а нивните имиња се наоѓаат меѓу потписниците на актите кои биле донесени на Соборот.

Ако апостол Павле ја посетил Македонија како прва европска земја, ако македонските епископи учествувале во работата на Првиот Вселенски собор, и осветувањето на црквата во Ерусалим, кој е сега тој „вселенски силеџија“ што не дозволува еден народ да се нарекува така како што се нарекувал со милениуми а неговата црква, што е во темелот на христијанската историја, неправедно да биде тргната настрана само затоа што така мислат некои извесни педофили скриени зад своите демонски мантии и таканаречени канони?

Блаже Миневски