Три лица со пиштол пукале во куче скитник додека се возеле со патничко возило во Ново Лисиче.

„На 01.06.2020 во 23.06 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 22.30 часот на паркинг позади трговски центар во нас. Ново Лисиче, три лица кои биле со патничко возило, со истрел од пиштол застрелале куче скитник“ соопштуваат од полиција.

Полициски службеници извршиле увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.