Триесет и едногодишен таксист Љ.Ј. од Охрид бил физички нападнат и ограбен од три лица кои претходно со такси ги превезол од дискотеката Парк до булеварот Туристичка во Охрид.
Физичкиот напад и разбојништвото тој ги пријавил утрово во 4.25 часот во СВР Охрид.
Како што соопшти МВР, тојцата засега непознати лица при излегување од таксито на бул. Туристичка физички го нападнале возачот ударајќи го со тупаници, по што му одзеле 15.000 денари.
Таксистот добил повреди на левата аркада и оток околу левото око. Лекарска помош му била укажана во Општата болница во Охрид.