Францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Марио Драги ќе ја посетат Украина в четврток на 16 јуни, пишува денеска италијанскиот весник „Ла Стампа“.
Портпаролот на германската Влада одби да ги потврди медиумските извештаи дека Шолц ќе го посети Киев в четврток.
Заедничката посета на лидерите на трите земји од Европската унија ќе се одржи пред самитот на Групата седум најразвиени земји (Г7) и НАТО на крајот на јуни оваа година. Според медиумите, на овој начин лидерите сакаат намера да му изразат поддршката на трите најголеми земји од ЕУ на украинскиот претседател Володимир Зеленски.