Русија заработува повеќе од продажбата на енергетски производи отколку што чини војната во Украина, се наведува во анализата на Центарот за истражување на енергија и чист воздух (CREA).

Организацијата со седиште во Финска наведува дека приходите на Русија од извозот енергетски производи (нафта, гас и јаглен) во првите шест месеци од војната во Украина се повисоки од трошоците за војната.

Приходите што Русија ги остварила во тој период изнесуваат околу 158 милијарди евра, а според проценките војната досега ја чинела Москва сто милијарди евра.

Во анализата на CREA се пресметани извозот на нафта, гас и јаглен од 24 февруари до 24 август, а со користени податоци од остварениот речен и морски сообраќај, како и протокот енергенси преку гасоводите.

Според тие податоци, ЕУ е најголемиот извозен пазар на Русија со 85 милијарди евра, а по неа следува Кина со 35 милијарди евра.

Во рамките на ЕУ, на прво место е Германија како увозник на енергија од Русија во вредност од 19 милијарди евра.

И покрај намаленото количество извоз, Русија сепак остварува рекордни приходи од продажба на фосилни горива, нагласува аналитичарот на CREA, Лаури Миливирта.

– За да се справат со тоа, владите морат да ги зголемат тарифите, да воведат ограничувања за увозот од Русија и да спроведат мерки за штедење, рече тој, притоа нагласувајќи дека пред се мора да се намали потрошувачката на нафта и гас.