Новиот тренер Челзи, Томас Тухел беше задоволен од перформансите на тимот на мечот од 20. коло во Премиер лигата против Вулверхемптон.  Овој натпревар (0:0) беше деби за германскиот стручњак како тренер на „сините“.

– Задоволен сум од прикажаната игра, нашата посветеност и интензитет. Делувавме на крајно организиран начин и не дозволивме контранапади од противникот, кој е многу добар во оваа компонента. Ова е многу добра почетна точка од која мора да работиме понатаму.

Игравме смело и агресивно. Замените придонесоа за развој на натпреварот. Покажавме одличен став, и штета што немаше навивачи на трибините, чии емоции можеа да ни помогнат во оние моменти кога бевме близу до гол. Натпреварот не беше лесен, но ние го одигравме со максимален интензитет, па затоа сум задоволен од работата на мојот тим, истакна Тухел за клупскиот сајт на Челзи.

Лондонци имаат 30 бода од 20 натпревари и се наоѓаат на 8. место на табелата.