На 16.11.2026 во 18:40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.Т.(43) од Турција, со престој во Скопје.

Приведен е постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ги нападнал неговата 50-годишна сопруга од Скопје и нивниот малолетен син и упатувал закани со остар предмет.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.