Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека разговарал со претседателите на Русија и Украина Владимир Путин и Петро Порошенко за можноста да биде посредник во смирувањето на тензиите настанати по инцидентот меѓу Москва и Киев во Азовското Море.
– Можеме да ја преземеме улогата на посредник. Разговаравме за тоа со обете страни, рече Ердоган по вчерашните телефонски разговори со Путин и Порошенко.