Турските наставници повеќе нема да им даваат домашни задачи на учениците, а материјалот ќе се учи на час, изјави турскиот министер за образование Исмет Јилмаз, истакнувајќи дека старите практики немаат место во новиот начин на учење.
– Од сега натаму, ниеден наставник нема да дава домашна работа на учениците. Сакаме нашите ученици да се фокусираат повеќе на час и материјалот да ги научат уште на час, рече министерот.
Тој уште додаде дека учењето на памет, исто така, веќе нема да се применува во турските училишта.
– Старите методи на учење нема да се повторуваат. Сакаме учениците да можат да го применат во животот она што го учат на час, рече Јилмаз.
– Во следниот период, ќе им обезбедиме на нашите деца образовен систем кој одговара на нашето време и живот. Од следната година нема да им се даваат никакви домашни задачи на учениците, истакна турскиот министер.