Бројот на Турци кои живеат во странство а кои годинава гласале на предвремените претседателски и парламентарни избори, кои во земјата се спроведуваат на 24 јуни, достигнал рекорден број од 1,49 милиони.

Ова е официјален податок објавен денес од Врховната изборна комисија.

Иако изборите ќе бидат одржани в недела за тие што живеат во Турција, тие што се во странство имаат можност да гласаат во турските конзуларни претставништва од 7 јуни до вчера на полноќ.

Повеќе од три милиони Турци кои живеат во странство се регистрирани со право на глас, што значи дека одзивот е 48,8 проценти. Турците што живеат во странство ќе можат да гласаат и на турските граничните премини до 24 јуни.

На последните избори во 2015 година во странство гласале 1,3 милиони Турци, додека на ланскиот референдум за уставните измени 1,4 милиони.