Судот побара доживотен затвор за турскиот бизнисмен Осман Кавала, суден заедно со 15 други обвинети за обид да ја соборат Владата во Анкара.

Кавала, кој е во притвор повеќе од една година, е обвинет за вмешаност со антивладините протести во 2013 година и за неуспешниот државен удар од летото 2016 година.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го обвини директорот на филијалата на Отворено општество на Џорџ Сорос во Турција, Кавала, за финансирање на протестите.