Сметката на Турција од сириската криза е 200 милијарди долари, нагласува денеска турскиот весник „Созџу“.

Тие оценки се дадени за весникот од пратеник на опозициската Народнорепубликанска партија, Ердоган Топрак. Тој е советник на лидерот на таа партија Кемал Калачдароглу.

Според него, Турција платила „прескапо“ за спорот со Сирија во изминатите осум години – 120 милијарди се загуби од трговија, 40 милијарди долари се потрошени за сириските бегалци и други 40 мiлијарди за безбедност.

Топрак препорачува властите во Анкара итно да воспостават односи со режимот на сирискиот претседател Башар Асад.

Весникот „Ортадогу“ денеска објави дека воена операција на Турција на исток од реката Еуфрат во Сирија е прашање на минути.