Од 2026 година во Турција станува задолжително поставувањето на надворешни и внатрешни камери, уреди за следење и аларм-копче во сите регистрирани возила, согласно измените во законот објавени во турскиот „Службен весник“, пренесува ТРТ Хабер.

Според регулативата, изготвена од Управата за копнен сообраќај, роковите за примена на мерката варираат во зависност од годината на производство на возилата.

За возилата произведени меѓу 2023 и 2025 година, како и за оние што ќе се регистрираат по 31 декември 2025 година, опремата треба да биде инсталирана при првиот годишен технички преглед (ГТП) по 1 јануари 2026 година. За возилата од 2018 до 2022 година, рокот е продолжен до првиот ГТП по 1 јануари 2027 година, додека за оние произведени во 2017 година или порано, мерката ќе се применува од првиот ГТП по 1 јануари 2028 година.

За ученичките автобуси, кои спаѓаат под постоечка регулатива за поставување камери во периодот февруари-октомври 2025 година, рокот за инсталирање на дополнителните уреди е продолжен до крајот на 2027 година.

фото: архива